Природни решенија против затнат нос со кои повторно нормално ќе дишете
Затнатиот нос е многу честа појава во овој период, која најчесто е предизвикана од воспаленија, настинки и сув воздух.
Бидејќи никогаш не е пријатно едвај да земате воздух, испробајте ги овие 7 природни решенија кои веројатно веќе ги имате во кујната.
Масло од ментол - Ставете неколку капки на едно марамче, а потоа вдишете околу 10 пати.
Лук - Консумирајте го додека носот целосно не попушти, со било кој оброк. Ако можете да го поднесете мирисот и вкусот добро изџвакајте го и неколку пати вдишете длабоко.
Јаболков оцет - Сварете половина литар вода и во неа додадете 3 лажици оцет. Правете инхалации неколку пати во денот.
Солена вода - Сварете половина литар вода и додадете 1 лажица морска сол. И со солената вода правете инхалации неколку пати во денот.
Рен - Изрендајте го и помешајте со лажица мед. Мешавината ставете ја на јазикот, вдишете длабоко 10 пати, а потоа голтнете.
Ѓумбир - Исто како кај ренот, помешајте го со мед, вдишете па потоа голтнете. Или може да го додадете во секој оброк.
Корен од слез - Изрендајте го на парчиња и ставете го во 1 литар вода. Оставете да отстои околу половина час, па водата зовријте ја. Правете инхалации околу 3-5 минути.