Храна и пијалаци со кои си ја влошувате настинката
Додека се лечите со сите лекарства и чаеви, понекогап не сте ни свесни дека со употребата на некоја храна и пијалаци само си ја влошувате состојбата со настинката.
Доколку сте болни внимавајте повеќе на исхраната и обидете се да го избегнувате следново:
1. Купечки овошни сокови
Нема ништо подобро од домашно исцедените сокови кои се полни со витамини и минерали кои му се неопходни на вашето тело. Но, купените сокови не можат да ги заменат, бидејќи се полни со конзерванси и шеќери, кои само може да ви наштетат.
2. Пржена храна
Не се препорачува ниту кога сте здрави, а уште помалку кога телото ви е ослабено и имунитетот намален. Таа пресудна за заситените масти кои организмот тешко ги вари.
3. Кафе
Зголемото количество течности кога сте болни, не го вклучува и кафето. Во него има кофеин кој делува како силен деуретик и може да предизвика дехидратација.
4. Кисели намирници
Тие ја иритираат болната и оштетена слузница, па може дополнително да ги зголеми сиомптомите на болеста. Во таа група спаѓаат туршијата, цитрусот и портокалите, како и доматот во секаков облик.
5. Алкохол
Исто како и кафето, така и алкохолот предизвикува дехидратација на организмот, а со тоа и отежнато закрепнување . Мешањето алкохол со други лекови може да биде многу опасно.
6. Млечни производи
Иако млечните производи содржат протеини и витамин Д, кој помага во зајакнувањето на организмот, исто така излачуваат и природен слуз кој може дополнително да ја зголеми болеста.