Залудно ли е вежбањето?

zaludno-li-e-vezbanjeto-povekjeФитнес, аеробик, пилатес, трчање, ролерки и што ли уште не правиме за да изгубиме килограми. Но, ако им веруваме на некои научници и истражувања...

 

...клучот за губење килограми не е во вежбањето, туку во распределбата на мастите во телото.

Иако физичката активност согорува калории и топи килограми, вежбањето има и едно несакано дејство – стимулира глад.

Американски психолози утврдиле дека повеќето луѓе кои се натерале себе да трчаат еден час, после тоа се частат со некој деликатес, наместо со зелена салата. Ретки се оние кои се успешни и доследни на самоконтролата.

Но, за да не дојде до забуна, вежбањето има многу предности: освен што го подобрува здравјето на срцето, го поправа и менталното здравје, како и когнитивните способности.

Најновите истражувања покажале дека постарите луѓе кои вежбаат барем еднаш неделно имаат 30% подобри когнитивни функции од оние кои воопшто не вежбаат.

zaludno-li-e-vezbanjeto

Истражувањата покажале дека луѓето кои вежбаат под надзор го зголемиле внесувањето на храна во организамот и тоа најмногу штетна храна, а го исфрлиле овошјето и зеленчукот. Со тоа, било покажано дека физичките вежби сепак не можат да согорат онолку калории колку што ние би сакале.

Додека не се појави магично апче за губење килограми без гладување и вежбање, експертите препорачуваат почеста физичка активност со помал интензитет, како што е пешачење, или качување по скали.

Тоа е многу подобра опција отколку одење во теретана. За да согорувате килограми движењата на мускулите не мора да бидат екстремни. Би се заклучило дека за губењето килограми поважно е што јадеме, отколку колку се трудиме да ја намалиме тежината.

Би можело да ве интересира:

Ротавирус кај деца: Кои се симптомите и колку е опасен? Ротавирусот многу лесно се пренесува и може да преживее неколку часа на неизмиен...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сопругот ме омаловажува и навредува – Може ли да се промени?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Три симптоми за време на менструација кои не треба да ги игнорирате, според докторка „Ако имате вртоглавица за време на менструација, можно е да губите многу крв и б...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Медицинска, шиатцу - Разлики помеѓу разните видови масажи (и која е најдобра за вас) Масажите го релаксираат нашето тело и позитивно влијаат врз нашето здравје. Но, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg