До здраво срце ве делат само 6 чекори

Здравото срце се смета за темел на здравиот живот, па затоа време е да направите нешто добро за себе.

do-zdravo-srce-ve-delat-6-cekori-1

Со помош на овие 6 едноставни работи вашето срце и понатаму ќе продолжи со здравата работа.

Почнете веднаш:


1. Вежбање

1 час во денот е доволно за да го одржите здравјето на срцето. Не морате да одите во фитнес центар, туку доволно е да пешачите или да направите вежби за истегнување во домашни услови.

do-zdravo-srce-ve-delat-6-cekori2


2. Храна

Сигурно веќе знаете дека здравата храна е задолжителна за здравото срце. Како редовна храна треба да консумирате житарки, овошје, зеленчук...

do-zdravo-srce-ve-delat-6-cekori-3


3. Пушење

Оваа лоша навика го зголемува ризикот од срцеви заболувања за 2 до 4 пати. Пасивното пушење го зголемува тој ризик дури за 30 проценти. Па затоа следниот пат кога ќе посакате да запалите цигара, пробајте да пиете вода, сок или на било кој начин да си го свртите вниманието.

do-zdravo-srce-ve-delat-6-cekori-4


4. Стрес 

Стресот секојдневно влијае на здравјето на вашето срце. Тој остава последици, а исто така ве поттикнува повеќе да пушите цигари (доколку сте пушач), да пиете алкохол и нездраво да се храните. Пробајте да се опуштите со јога, медитација, музика, филм или читање книги.

do-zdravo-srce-ve-delat-6-cekori-5


5. Дебелина

Дебелината е уште еден фактор кој влијае на срцето, затоа е важно да се одржува здрава физичка тежина. Вишокот на килограми го става срцето под притисок, кое мора повеќе да работи за да го одржи телото нормално да функционира. 

do-zdravo-srce-ve-delat-6-cekori-7


6. Намалете на солта 

Употребата на големо количество на сол во оброкот го крева крвниот притисок и така се зголемува шансата за заболување од срцеви болести. За да се навикнете на помало количество на сол не додавајте ја во веќе зготвената храна. Исто така имајте на ум дека во готовите супи, паштети, салами се крие огромно количество на сол. 

do-zdravo-srce-ve-delat-6-cekori-8

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg