Женски проблеми од кои сите се срамат: Вагинални гасови, влакненца на градите, мокрење додека се смеете...

За повеќето незгодни здравствени проблеми никој не сака да зборува. Затоа, научниците и лекарите конечно решија да ги објаснат сите непријатни проблеми и да одговорат на сите прашања од кои луѓето се срамат.

zenski-problemi-od-koi-site-se-sramat-vaginalni-gasovi-vlaknenca-na-gradite-mokrenje-dodeka-se-smeete-01.jpg

Вагинални гасови

Понижувачки е, да, но не е опасно или страшно. Ова излегување на воздухот најчесто се случува за време на сексот или по него, а понекогаш и за време на часовите по јога. Се работи за природен воздух кој не е никаков знак за внатрешен проблем, но е голем проблем ако се слушне.

Влакненца на градите

Не се работи за некој феномен, голем број од жените се соочуваат со овој „проблем.“ Доктор Рос проценува дека околу 10% од жените имаат мали влакна на градите, но тие се безопасни. Всушност, некои стручни лица велат дека е препорачливо влакната да не се отстрануваат, затоа што постои голем ризик од инфекции.

Чуден вагинален исцедок

Вагиналната течност е нормална појава ако е во умерени количини, но вагиналниот исцедок со чуден мирис, боја или текстура може да значи дека нешто не е во ред. Бактериската вагиноза се позната во исцедок со непријатен мирис на риба, додека кај габичните инфекции се создава бел или жолтеникав исцедок.

Подраснати влакненца на бикини зоната

Отстранувањето на влакненцата во близина на вагината може да предизвика поткожни влакна кои може да бидат болни. Тоа е посебно вообичаено за жените со густа коса. Ако имате ваков проблем, подобро е да контактирате кожен лекар и да почекате совет или третман. Никако не ги преземајте работите во свои раце, можно е да предизвикате инфекција.

Кивање и мокрење

Не се чудете ако ви се случи вакво нешто, не сте единствени. Докторката Лаура Романзи објаснува дека оваа непријатна појава најчесто настанува поради напрегањето при смеењето, кашлањето или кивањето, па затоа потребни ви се вежби за овие мускули.

Мокрење за време на секс

Слично е како кај претходниот случај, сè зависи од напрегањето и издржливоста на мускулите. Кај некои жени дури и оргазмот доаѓа заедно со незабележливо мокрење. Без оглед на причината заради која се случува ова, физикалната терапија на карличниот предел може да помогне. Третманот со Кегелови вежби исто така е секогаш добредојден.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg