Ослабете здраво: Намирници со кои ќе го зајакнете имунитетот
Кога опаѓа, нашиот имунитет влијае врз развојот на многубројни инфекции и заболувања, а за тоа да не се случи, чувајте си го здравјето со тоа што ќе ги консумирате овие намирници.
Овие 6 намирници истовремено ќе ви помогнат да одржите витка линија, па така не ви се потребни посебни диети.
Погледнете кои намирници се клучни за здраво слабеење:
1. Портокал
Портокалот може да ви помогне во лекување при разни вируси, а и во обновување на ткивата и зајакнување на коските. Не е докажано дека ја спречува настинката, но сепак може да ви биде од голема корист во тие денови, освен тоа со протокалот ќе ја задоволите желбата за слатко.
2. Кељ
Содржи антиоксиданси кои го подобруваат имунитетот, а освен тоа кељот содржи и огромна количина на железо и други минерали и витамини. Овој зеленчук истовремено ќе ве засити и ќе ви помогне полесно да ги отстраните вишокот килограми.
3. Јогурт
Јогуртот е одличен за здравјето на целиот организам, а доколку го пиете наутро, тој освен што ќе го подобри вашиот имунитет, ќе ви помогне и да го отстраните вишокот на килограми.
4. Лук
Редовното консумирање на лук може да ве заштити од разни болести, а последните истражувања велат дека со редовното јадење го намалувате ризикот од појава на рак. Лукот го забрзува метаболизмот и ви помага да слабеете здраво.
5. Чај и мед
Кога сме настинати, чајот и медот ни се чинат како победничка комбинација. Но, освен што помагаат при болести, медот содржи помалку калории од шеќерот и доведува до слабеење.
6. Пилешка супа
Топлата супа ќе ви помогне при затнат нос и грло, но протеините кои пилешката супа ги содржи помагаат во обнова на клетките. Лесно може да ве засити и да ви послужи како оброк, а најдобро е да консумирате домашна супа.