Избегнете рак на дојка!
Повеќе од 40% од сите случаеви на рак на дојка во САД, односно околу 70.000 случаеви годишно, би можеле да се спречат доколку жените би ја...
... одржувале својата нормална телесна тежина, пијат помалку алкохол, би биле физички активни и би ги доеле своите деца.
Тоа е пораката што најновиот извештај од Американскиот институт за истражување на рак ja испрати до сите жени во светот.Извештајот се заснова на истражување од резултатите кај 81 нова студија и пронаоѓање на односот помеѓу начинот на живот и појавата на ракот.
За да се избегне ракот на дојките, се препорачува луѓето да бидат физички активни најмалку 30 минути секој ден. Во таа насока, момците би требало да го ограничат алкохолот на две, а женските на една алкохолна пијачка дневно.
Правилната исхрана е исто така важна кога е во прашање заболување од рак. Се препорачува избегнување на маснти од животинско потекло и празни јаглехидрати од рафиниран шеќер, како и консумирање на премногу бел леб.
Жените кои редовно јадат соја и производи базирани од соја, се во помала опасност да заболат од рак на дојка, соопштиле јапонските научници.
Од рак на дојка секоја година во светот умираат 400.000 жени, но жртви од оваа болест има и меѓу мажите. Во САД на пример, секоја година од рак на дојка умираат 40.000 луѓе.