Компјутерите ве стареат

kompjuterite-vodat-kon-stareenje-povekjeПовеќето вработени жени своето работно време го поминуваат седејќи пред компјутерскиот монитор. Доколку и вашата работа е поврзана со...

 

...долготрајна работа на компјутер, не треба да ве чуди ако во огледалото забележите мали брчки околу очите и темни подочници, или уште полошо ако почувствувате дека кожата ви станала сува.

Тоа е цената која ја плаќате на технолошкиот напредок.

Имено, електростатичкото поле и слободните радикали околуkompjuterite-vodat-kon-stareenje вашиот компјутер ја нарушуваат природната рамнотежа и негативно влијаат на кожата на вашето лице.

Електростатичкото поле ја нарушува природната рамнотежа на киселоста на кожата, а слободните радикали предизвикуваат нејзино забрзано стареење и тоа без оглед на видот на кожата.

Така, нормалната кожа станува посува, сувата уште повеќе се суши, комбинираната повеќе се перута, а порите на лицето се затвораат, додека масната кожа поттикнува создавање на акни.

За да ја заштитите кожата од зрачењето на компјутерите, задолжително користете заштитни креми кои содржат природни антиоксиданси и витамини со цел да се неутрализира влијанието на слободните радикали.

При рака секогаш имајте шише минерална вода во спреј и повремено освежувајте си го лицето. Но, подеднакво делуваат и влажни марамици кои не содржат алкохол.

Од време навреме направете пауза од неколку минути. Оддалечете се од компјутерскиот монитор и вдишете малку свеж воздух.

Во текот на работниот ден испијте две - три чаши зелен чај, богат со антиоксиданси, или свежо цеден лимонов сок полн со витамин Ц.

Заштитете се одвнатре. Што почесто јадете храна богата со антиоксиданси како зрнесто овошје, но и спанаќ, патлиџан, морков, целер, купус, па дури и кромид.

Двапати неделно на лице ставајте маски од свежо овошје, или зеленчук кои ќе ја нахранат вашата кожа со витамини.

Навечер темелно исчистете го лицето со соодветно млеко и задолжително нанесете влажна хранлива ноќна крема.

Би можело да ве интересира:

8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Ротавирус кај деца: Кои се симптомите и колку е опасен? Ротавирусот многу лесно се пренесува и може да преживее неколку часа на неизмиен...
Остеопороза или „тивка болест“: Причини за појава, симптоми и совети за третирање Редовното и правилно вежбање може да ги зајакне коските, а долгото седење и недо...
Митови за дебелеење во менопауза во кои не треба да верувате (и како да ослабите) Дебелеењето во менопауза е честа појава кај жените, најчесто предизвикано од хор...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Анална фисура - што ја предизвикува и како се лечи оваа непријатна состојба? За отстранување на фисурата потребна е операција, но постојат начини со кои може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg