5 неочекувани причини поради кои се дебелеете
Фрустрирачки е кога ќе видите дека имате некој килограм повеќе или кога ќе почувствувате дека вашите омилени фармерки ве стегаат. Дали знаете дека за ова може да постојат различни причини, од хормонален дисбаланс до недостаток на некои витамини. На тој начин нашиот организам реагира на факторите кои можеме да ги контролираме.
Депресија
Многу антидепресиви доведуваат до непосакуваното дебелеење. Затоа, ако очекувате дека ќе добиете помеѓу три и осум килограми, кој постепено ќе се зголемуваат.
Ако не земате лекови против депресија, тогаш „виновна“ е самата депресија, со оглед на тоа што луѓето кои се тажни и осамени полесно ја зголемуваат тежината или затоа што јадат повеќе масна и калорична храна која служи како утеха или се потполно неактивни.
Лекови
Може да се случи да земете некои лекови кои предизвикуваат дебелеење, како што се контрацептивните пилули, ако сте на хормонска терапија, ако земате стероиди, бета блокатори или лекови за крвен притисок, за ревматски артритис и мигрена.
Бавен метаболизам
Доколку имате бавен метаболизам, добро би било ако почувствувате потреба за празнење час или два по оброкот. Ако имате столица еднаш или двапати дневно, тоа е уште подобро.
Ако немате редовна столица, дехидратацијата, лековите и недостатокот на хранливи влакна или цревната флора се виновни за вишокот килограми.
Ви недостигаат некои хранливи состојки
Причини за невообичаеното дебелеење може да биде и недостаток на извесни хранливи состојки, како што се витаминот Д, магнезиумот и железото кое влијае на имунитетот, ја намалува енергијата и го забавува метаболизмот
Стареете
Ако е во прашање нешто природно како што е стареењето, тогаш е сосем очекувано да имате побавен метаболизам и да не можете да согорувате иста количина калории на 40-50 години, како што сте можеле на 20. Поради тоа потребно е да ја намалите количината на храна и повеќе да вежбате.