Правила за интимна хигиена: На време заштитете се од инфекции
За разлика од негата на кожа и коса, негата на интимните зони не е честа тема, а би тебало да биде, затоа што неправилното негување може да предизвика непријатни последици.
Добрите бактерии кои создаваат одбранбен штит се познати како вагинална флора, која е многу важно да ја одржите здрава.
Еве кон кои правила треба да се придржувате, посебно во летниот период:
1. За вагиналната флора да биде избалансирана важно е pH вредноста да изнесува од 2 до 4. Сè што ја надминува оваа бројка може да доведе до проблем. На пример, чоколадите, антибиотиците и стресот ја менуваат pH вредноста на интимната женска зона.
2. Се смета дека најдобрата нега се состои од млака вода и средства со неутрална pH вредност.
3. Честата употреба на шампони за интимна нега многу пати знаат да го имаат спротивниот ефект.
4. За време на летото кога седењето во мокар костим за капење станува секојдневие, добро е при рака да имате препарати кои содржат физиолошка флора и ја враќаат природната pH вредност.
5. Правете чести гинеколошки проверки, а по одморот задолжително закажете термин. Сега барем сè е лесно и достапно - инфекциите се лечат со вагиналети кои се лесни за аплицирање и уште поделотворни за лекување.
6. Секојдневното туширање е најважно! Посебно додека сте на одмор, по секое излегување од море или езеро добро измијте го телото.
7. Избегнувајте ги облогите или природните измивања на интимната зона без консултација со лекар.
8. Како превенција, неколку пати неделно користете креми кои ја враќаат физиолошката флора во нормала.