Смирете ги нервите со помош на едноминутна вежба

Дали сте забележале колку ви е полесно кога после некој напорен ден ќе легнете, ќе вдишете и ќе издишете длабоко?

smirete-gi-nervite-so-pomos-na-ednominutna-vezba-01

Тоа ви помага да се опуштите, но не можете секогаш толку длабоко да вдишете - некогаш стомакот ви е полн со храна, некогаш носите тесни панталони, а некогаш едноставно сте премногу напнати.

Сепак, кога сте во можност, може да се опуштите со неколку лесни чекори.

Вежба за дишење преку стомакот

1 чекор

Пробајте да вдишете и да издишете преку носот. Така го прочистувате, загревате и влажните воздухот.

2 чекор

Легнете и наместете се во удобна позиција. Полека почнете да ги опуштате мускулите на нозете, колковите, стомакот, градите, раката и вратот.

3 чекор

Концентрирајте се на своето дишење и опуштање. Кога ќе се опуштите, вдишете и дозволете да ви се подигне стомакот, а потоа полека издишете и дозволете да ви се вовлече стомакот.

Применувајте ја оваа вежба двапати дневно (секојпат по 10 вдишувања), во текот на една недела. Може да го практикувате ова и секојпат кога мислите дека ви е потребно.

Дишењето на овој начин ви помага да се фокусирате и да го прочистите својот ум и своето тело. Исто така, може да ви го снижи притисокот, бројот на отчукувања на срцето и брзината на дишењето, што помага за подобар проток на оксидираната крв низ телото, а ослободува и од стресот.

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg