И машките можат да дојат?
Појавата на млеко кај мажите најчесто се јавува поради употребата на лекови кои го поттикнуваат делувањето на млечните жлезди. Машките...
... гради исто така имаат млечни жлезди, а со примена на хормонска стимулација се е возможно. Количината на млеко секако дека не може да се спореди со онаа кај жените.
Ваквата состојба најчесто е последица на лекови кои мажите ги пијат кога боледувале од рак на простата. Женските хормони се користат за да се сопре производството на канцерогените ткива, пишува „Intimate Medicine“.
На оваа појава исто така влијае и стресот, поврзан со тежок физички напор и недостиг на храна. Ова не е невообичаено, особено што регистрирани се машки доилки во Германија.
Антропологот Бери Хјуит ги проучувал Пигмејците и заклучил дека некои мажи ги дојат своите деца. Истото тоа го искористил и еден маж од Шри Ланка, чија жена починала за време на породувањето.
Новородените момчиња и девојчиња можат да произведуваат млеко поради големата количина на хормонот кој до добиваат преку мајчиното млеко. Појава на млеко од брадавиците е забележана и кај некои момчиња на поголема возраст.