Како да ја препознаете и да се заштитите од сончаницата?

За да не си нанесете дополнителен проблем за време на одморот или работниот ден преземете неколку чекори кои ќе ве заштитат од сончаница.

kako-da-ja-prepoznaete-i-da-se-zastitite-od-soncanicata-01

Неопходно е да ги знаете симптомите кои упатуваат на сончевиот удар и начините на кои можете самите да се заштитите за време на летните денови.

Сончаницата се јавува од преголемото изложување на сонце во комбинација со дехидрацијата.

 Најчести симптоми кои упатуваат на сончаница се:

  • Вртоглавици
  • Дезориентација
  • Несвестици
  • Главоболка
  • Сува и црвена кожа
  • Забрзано отчукување на срцето
  • Отежнато дишење
  • Чувство на конфузија

За да заштитите од сончевиот удар потребно е:

1. Денот да ви започнува од утрото

Завршете ги работните обврски од рано изутрина, односно во поладниот период од денот, за да не се изложувате на жештината во попладневните часови. Освен тоа, нема да почувствувате голем замор како што тоа се случува кога излегувате во најтоплиот период.

2. Да пиете многу течности

Имајте секогаш во себе шише со вода или пијалок богат со електролити. Електролитите му помагаат на вашето тело да се хидратизира, а ладната температура од пијалоците ви ја лади телесната температура и така се заштитувате од можен сончев удар. Избегнувајте премногу кафе и пијалоци кои содржат кофеин, бидејќи тие ве доведуваат до дехидрација.

3. Да земете здив од обврските

Особено ако работата ви се состои од изложување на дневната температура, тогаш морате да земате 15 минути одмор на секој час во кои целосно ќе го одморите телото и ќе го ослободите од напнатоста.

4. Облекувајте се лесно

Избегнувајте ја црната и другите темни бои и облекувајте се светло и во тенки материјали. Наместо да облекувате фармерки, заменете ги со ленени панталони, а девојките може да носат долги макси здолништа.

5. Ако е потребно, заминете порано

Тоа не значи дека сте мрзеливи или избегнувате обврски. Ако не се чувствувате добро и препознаете некој од симптомите на сончаница тогаш заминете некој час порано  дома за да се освежите и навремено да ја спречите сончаницата поради која ќе изгубите повеќе од работата, отколку за време на тој час одење порано дома.

6. Да ги препознавате симптомите

Најважното нешто кај сончаницата е навремено препознавање на симптомите. Затоа штом забележите дека вашето однесување се променува и имате некој од оние горенаведени симптоми побарајте лекарска помош и заштитете се. 

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg