Сѐ што треба да знаете за вашето омилено летно задоволство - лубеницата
Лубеницата содржи 92% вода што е доволен показател дека таа е одлично освежување во летните, жешки денови.
Освен тоа, лубеницата содржи низа хранливи материи кои се од голема корист за нашата внатрешна, но и надворешна убавина.
Со секој сочен залак од ова летно задоволство внесувате доволно количество на витамините А,Б и Ц. Освен тоа, лубеницата содржи многу ликопен, антиоксиданси и аминокиселини и скромно количество на калиум.
Позитивните својства на лубеницата:
1. Добра e за срцето - Освен богатото количество на ликопен, кој е добар за заштита на крвните садови, лубеницата содржи и цитрулин и аргинин кои помагаат во намалување на мастите и намалување на крвниот притисок.
2. Дејство против воспаление - Повторно со помош на ликопенот, лубеницата ги намалува воспаленијата, ја одржува структурата на ќелиите и ги апсорбира мастите во телото.
3. Хидратација - Со оглед на тоа што содржи 92% вода, лубеницата е таа која ќе ве заштити од топлотен удар и дехидрација. Лубеницата содржи електролити кои го спречуваат телото од дехидрацијата.
4. Варење - Овој здрав и вкусен десерт содржи влакна кои помагаат во одржување на нашиот дигестивен систем.
5. Коса и кожа - Витаминот А е одличен за здрава кожа и коса, а лубеницата е таа која ќе ви пружи доволно количество на витаминот А. Освен тоа, таа содржи и витамин Ц кој целосно помага на вашиот организам.
6. Мускули - Пред да заминете на тренинг, јадете лубеница или пак пијте свеж сок од лубеница, бидејќи таа го спречува воспалението на мускулите.
7. Против рак - Заради антиоксидансите кои лубеницата ги содржи, со нејзино консумирање го намалувате ризикот од канцерогено заболување.
Здравствени ризици:
Доколку се консумира во разумна количина, лубеницата не произведува некои споредни и сериозни ефекти кои би биле лоши по вашето здравје.
Но доколку лубеницата ја консумирате во преголема количина и секојдневно, може да дојде до посериозни проблеми со тоа што нивото на ликопен или калиумот ќе ви биде зголемено, па можна е појавата на дијареја.
Преголемата количина на калиум, може да предизвика неправилно или забрзано отчукување на срцето или други кардиоваскуларни проблеми.