10 мин до супер расположение
Направете неколку активности кои не бараат многу време, ќе ви го поправат расположението и ќе ви дадат дополнителна енергија која ...
... ќе ви го исполни денот.
Активирајте се
Ако ви предстои досаден телефонски разговор, пробајте да шетате додека зборувате. Наместо да пратите е-маил на колегата, прошетајте до неговата канцеларија. Нивото на активност е во директна врска со нивото на вашата енергија во текот на денот.
Вдишете свеж воздух!
Излезете од дома и прошетајте во текот на денот. Сончевата светлина ги стимулира хемикалиите во мозокот, кои го поправуваат расположението. Исто така, кислородот ќе ве освежи.
Ослободете се од стресот и досадата!
Ако веќе со денови ја одложувате некоја досадна обврска, завршете ја што побрзо. Ќе осетите олеснување и ентузијазам кога ќе ја тргнете од врат.
Направете добро дело!
Не мора на некој да му го спасите животот, ама направете нешто убаво за некој друг. Пратете некоја пофалба или збор за благодарност за помошта, дајте комплимент или заинтересирајте се за нешто што некој друг има да каже. Ќе се почувствувате посреќни после неколку минути.
Насмевнете се!
Иастражувањата покажаа дека дури и вештачка насмевка го поправува расположението. Тоа, се разбира, не значи дека би требало да одите наоколу со насмевка ако баш не сте баш најдобро расположени, ама сепак подарете некому насмевка. Луѓето веднаш ќе ве видат како пријатна личност, а вас ќе ви се подкрене расположението кога не вашата насмевка ќе биде возвратено.
Научете нешто ново!
Одделете неколку минути да се информирате за нешто што вас ве интересирало, а можеби немавте време, да дознаете нешто повеќе за тоа. Побарајте корисни информации на Интернет или во книгите, и проширете ги своите видици. Но, бидете искрени и одберете нешто ви е лично вас интересно, а не нешто што би требало да го знаете, зошто во спротивно ќе ви биде досадно. Направете го тоа за себе!