Нахранете го мозокот
-->
Одржете ја остроумноста преку правилен избор на јадења. Широкиот избор на „мозочна храна“ овозможува вкусно уживање и за најпребирливите...
...гурмани кои никогаш повеќе нема да мора да се грижат за насоката во која се движат нивните мисли. Бидете мудри и навалете на здраво јадење.
-->
Лосос и омега-3 Омега-3 масните киселини што ќе ги најдете во рибите го хранат и штитат мозокот. Овие корисни масти позитивно влијаат на хемиските процеси во мозокот и се особено важни за неговиот развој и основни функции. |
|
Нерафинирани житарки Мозокот ќе стане на „десна нога“ ако за појадок изедете порција житарки, односно интегрални пецива, нерафинирани оризови или овесни снегулки и слично. Оваа храна има низа добри страни, како на пример заштита на кардиоваскуларниот систем и справување со дијабетисот. |
|
Калиум Калиумот игра важна улога во заштита на нервната функција, што секако влијае на целокупната работа на мозокот. Оваа корисна состојка ја има во авокадо, банани, киви и кајсии. |
|
Витамин Б Постојат повеќе видови витамин Б и сите имаат добро влијание на работата на мозокот. Б витамините им помагаат на основните мозочни и нервни функции, а конкретно витаминот Б6 го претвора триптофанот во двигателот на добро расположение, серотонинот. Б витамините ќе ги добиете од нерафинирани житарки, мешункаст зеленчук, млечни производи и риба. |
|
Витамин Ц Моќниот антиоксидант ќе го избрише чувството на замагленост и умор, особено по обилен оброк. Затоа следниот пат изберете јагоди за десерт. |
Би можело да ве интересира:
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници?
Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни)
Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате?
Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете?
Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето
Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер...
Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...