2 вежби како да мислите само на убави работи во животот

Во природата на луѓето е премногу да размислуваме за лошите работи, а да не мислиме доволно на она што е добро во нашите животи. Понекогаш е добро да ги анализираме лошите настани, за да научиме да не ги правиме истите грешки во иднината.

2-vezbi-kako-da-mislite-samo-na-ubavite-raboti-vo-zivotot-1

Но, луѓето поминуваат премногу време мислејќи на негативните моменти. За да го спречиме ова треба да научиме како повеќе да мислиме на убави нешта и да ги избегнуваме негативните мисли.

Еве две вежби кои ќе ви помогнат во тоа.

Вежба број 1:

Секоја ноќ пред да си легнете да спиете одвојте десет минути и запишете три убави работи што ви се случиле дента.

Можете да користите компјутер или дневник, важно е да го зачувате она што сте го запишале.

Не мора тоа да се големи настани,  на пример можете да го запишете положениот испит на факултет.

Покрај секој настан запишете и зошто ова ви се случило, еве запишете дека сте го положиле испитот бидејќи напорно сте учеле цела недела.

Запишувањето на тоа зошто овие позитивни настани ви се случиле на почетокот можеби ќе ви делува чудно, но со време ќе ви стане навика.

Резултатите по месец дена од оваа вежба ќе бидат фантастични, ќе почувствувате како во секојдневниот живот ги цените убавите моменти од кои сте дел и вие самите.

2-vezbi-kako-da-mislite-samo-na-ubavite-raboti-vo-zivotot-2

Благодарноста е благородно чувство, кое може да го направи вашиот живот посреќен и поубав. Кога тоа чувство ќе не преплави ние уживаме во сеќавањето на тој убав момент.

Со оваа вежба ќе научите како постојано да уживате во моментите кои станале убави, благодарејќи на туѓата помош и како искрено да се заблагодарите.

Вежба 2:

Затворете ги очите.

Сетете се на лице, кое има направено нешто за вас, со што допринело вашиот живот да биде подобар.

Некој на кого никогаш му се немате соодветно заблагодарено и со кого можете да се сретнете идната недела.

Се сетивте на некој?

Вашата задача е да и напишете писмо на таа личност и лично да и го доставите. Писмото треба да биде конкретно и долго не повеќе од една страница. Напишете за тоа што таа личност направила за вас, како тоа влијаело врз вашиот живот и колку ви значел тој момент на помош.

Јавете и се и замолете ја да се сретнете лично, но е и кажувајте зошто.

Кога ќе се сретнете прочитајте и го писмото на глас, не брзајте, уживајте во моментот, верувајте, и таа личност ќе ужива во ова неверојатно пријатно изненадување.

Така ќе создадете еден убав момент не само за вас туку и за некој друг. Па утре може истото некој ќе го стори и за вас.

 2-vezbi-kako-da-mislite-samo-na-ubavite-raboti-vo-zivotot-3

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg