9 работи кои треба да ги знаете за кивањето
Сезоната на грипот и настинките поминаа, но кивањето продолжува, бидејќи доаѓаат пролетните алергии. Кивањето е условен рефлекс за кој многу малку знаеме.
1. Кога кивате воздухот може да патува со брзина од 160 км на час
Храбрите момци од емисијата „МythBusters“ го измериле кивањето и дошле до заклучок дека воздухот тргнува со брзина од 48 до 56 километри на час, а може да достигне и до 160 км на час.
2. Бактериите кои излегуваат при кивањето може далеку да стигнат
Некои тврдат дека бактериите се движат во опсег од еден и пол метар, додека други проценуваат дека може да одлетаат и до 9 метри.
3. Киваме за да ги обновиме носните канали
Истражувачите во 2012 година откриле зошто киваме. Кога носот ни се полни со бактерии, се јавува потреба за кивање . Кога киваме ги исфрламе „лошите“ честички кои сме ги вдишале и ги прочистуваме носните канали.
4. Сончевата светлина може да предизвика кивање
Прашината, биберот, настинката и алергијата не се единствени причинители за кивањето. Постојат теории дека има уште еден предизвикувач кој е научно докажан, а тоа е силната светлина. Скоро секој четврти човек кива поради силна светлина. Научниците сè уште не знаат зошто точно се случува ваквата појава.
5. Нормално е да кивнете два-три пати по ред
„Лошите“ честички не поминуваат сами низ носот и затоа е потребно да кивнете неколку пати за успешно да ги исфрлите.
6. Очите ви се затвораат без ваша волја
Сакале или не, очите секогаш ви се затвораат кога кивате. Една од пораките кои ги добива мозокот при кивањето е дека треба да ги затворите очите. Тоа е ненамерен рефлекс.
7. Срцето не ви застанува кога кивате
Постојат неточни приказни дека кога кивате срцето ви застанува. Она што се случува е само забавување. Срцето може незначително да забави затоа што многу луѓе пред да кивнат вдишуваат длабоко, но повеќето не забележуваат дека срцето накратко им чука побавно.
8. Подобро е да кивнете гласно, наместо да се воздржувате
Каде и да се наоѓате, никогаш немојте да го запирате кивањето. Иако сето тоа се случува многу ретко, сепак може да дојде до повреда како што се пукање на крвните садови во очите, ослабување на крвните садови во мозокот, пукање во ушите или до проблем со дијафрагмата.
9. Може да го намалите звукот на кивањето
Може да го стишите кивањето: протријте го носот, притиснете ја горната усна до него, длабоко вдишете низ устата и силно издишете низ носот.
На здравје!