Како алкохолот влијае на нашиот организам?
Независно од поводот поради кој го консумираме, дали го славиме успехот или ја бараме утехата од разочарувањето во чашката, добро е да знаеме како алкохолот влијае врз нашиот организам.
За разлика од храната, алкохолот не се вари во стомакот и тенкото црево. Кога ќе стигне до стомакот, дел од него, непроменет стигнува до стомачните клетки и оди директно во крвотокот.
- Предизвикува излачување на дигестивни сокови кои предизвикуваат глад.
- Честото дразнење на стомачното ткиво, на овој начин, доведуваат до појава на гастритис.
- Докажано е дека количевството храна при пиењето, сепак игра улога.
- Ако сме најадени пред да се напиеме, алкохолот потешко ќе се апсорбира во крвотокот.
- Мрсната храна, млекото и сирењето се тие кои што го забавуваат опивањето.
Патувајќи низ крвотокот, алкохолот доаѓа и до мозокот. Ја забавува неговата работа и делува како средство за смирување. Го нарушува примањето и испраќањето на информации, а често предизвикува халуцинации и несакани последици.
Може да ги оштети видот и слухот, сетилото за вкус, мирис и допир, бидејќи сите тие се под контрола на мозокот. Тоа резултира со намалена координација и забавени рефлекси.
Ова се некои од пијалаците кои најчесто се консумираат и процентот на алкохол во нив:
Пиво - 3 % до 6 % алкохол, се добива од житарки.
Вино - 10 % до 14 % алкохол, се добива од гроздов сок.
Жестоки пијалаци ( џин, виски, гренди, рум ) - 40 % до 50 % алкохол. Се добиваат од квасец, ставен во раствор од вода и шеќер кој дава алкохол. Може да се добијат и од ферментирана смеса од житарки, зрнести растенија и овошје.
Неминовно е дека сите сакаме да се расположиме со некоја чашка алкохол, која за краток период ќе нè расположат. Но, исто така, убаво е да сме информирани за границите на човечкото тело во поглед на алкохолот и неговите фатални последици, доколку претераме.