12 производи кои ќе ви го намалат апетитот за да го совладате гладот
Ако сакате да изгубите неколку килограми, гладувањето не е вистинскиот пат.
Важно е да јадете здраво и доволно, но треба да внимавате што јадете. Така, со паметен избор на состојките може да бидете сити, а во телото да внесете помалку калории.
1. Бадеми
Само една шака бадеми е вистински извор на антиоксиданси, витамин Е и магнезиум. Бадемите ја зголемуваат ситоста и помагаат во регулирањето на телесната тежина. Ако сте под стрес, телото ви бара нешто слатко и масно – бадемите се најдобро решение.
2. Кафе
Иако од повеќе филџани кафе може да станете нервозни и раздразливи, сепак умерената количина го зајакнува метаболизмот и го потиснува апетитот. Тајната е во кофеинот и антиоксидансите. Но, не го уништувајте ефектот со многу шеќер или шлаг. Пробајте, за промена, кафе без додатоци. Ќе го почувствувате вистинскиот вкус.
3. Ѓумбир
Една од најчестите состојки на листата за здрава храна. Со векови наназад луѓето користеле корен од ѓумбир за добро варење. Ѓумбирот делува како стимуланс кој на телото му дава енергија и го поттикнува варењето.
4. Јаболко
Јаболкото од сите сорти е добро за намалување на гладот бидејќи е полно со растворливи влакна и пектин кој помага да се чувствуваме полни. Јаболкото исто така, го регулира и нивото на шеќер и ја зголемуваат енергијата во организмот. Со подолготрајното џвакање на јаболкото, телото добива повеќе време да сфати дека веќе не сте гладни.
5. Јајце
Истражувањата покажале дека едно до две јајца за појадок помагаат да почувствувате ситост во текот на 24 часа, повеќе отколку некое печиво со ист број калории. Во едно истражување потврдено е дека оние кои јаделе јајце, внесле 330 калории помалку во текот на денот, отколку оние кои го започнале денот со некое печиво.
6. Вода
Науката тврди дека апетитот ќе го намалите со чаша или две вода. Во едно истражување се покажало дека оние кои пиеле две чаши вода пред секој оброк, јаделе 75 до 90 калории помалку, од оние кои не пиеле вода.
7. Супа од зеленчук
Топла супа или чорба од зеленчук може да ве засити и со многу помалку внесени калории. Обидете се да изедете мала чинија супа или чорба пред следниот оброк или голема чинија која ќе ви го замени главното јадење.
8. Зелен чај
Ако не сте љубител на кафето, обидете се со шолја топол зелен чај. Тој може да ви помогне да ја запрете потребата нешто да јадете. Нутриционистите тврдат дека катехините кои ги има во зелениот чај го инхибираат претворањето на глукозата во масти, а со тоа го забавува растот на шеќер во крвта. Кога нивото на шеќерот во крвта е стабилно, таков е и гладот.
9. Темно чоколадо
Сакате чоколадо и не можете да се контролирате? Обидете се, ако можете, со 2 коцки темно чоколадо со најмногу 70 отсто какао. Само темно чоколадо помага во намалувањето на гладот, бидејќи горчливиот вкус му сигнализира на телото да го намали апетитот.
10. Зелен лиснат зеленчук
Ако сте во потрага за високо хранливи состојки кои ќе ве држат сити со часови, тогаш победник е зелен лиснат зеленчук. Спанаќ, зелје, зелка со додаток на маслиново масло успешно го блокираат и најголемиот глад.
11. Цимет
Посипете малку цимет врз житарките, зобната каша, овошната салата или кафето, бидејќи овој зачин, покрај ѓумбирот, помага во намалувањето на нивото на шеќерот во крвта, што помага и во контролата ан апетитот.
12. Салата
Ако сакате да го контролирате гладот, изедете малку салата пред оброкот. Мала чинија зеленчук е доволна за мозокот да прими сигнал дека сте ги добиле потребните калории. Дури и да се заситите подоцна во текот на јадењето, тоа ќе бидат помалку внесени калории, отколку ако не изедете салата.