Пијалак создаден за опуштање на мускулите по напорниот ден

Ако во сред вежбање или забрзано одење чувствувате силни грчеви во мускулите, најверојатно не сте ја осигуриле дневната потреба од хидратација на телото.

pijalak-sozdaden-za-opustanje-na-muskulite-po-naporniot-den-01

Во тој случај може да ви помогнат само 4 состојки кои најверојатно во истиов момент ги имате во ладилникот.

Магнезиумот, натриумот и калциумот го спречуваат грчењето на мускулите, но чашата млеко или една банана во овој случај нема да биде доволно.

Добар релаксатор за згрчените мускули може да биде сокот од зеленчук, во кој главна улога имаат морковот, целерот, краставицата и брокулата.

Секако, би требало да ја избегнувате рафинираната храна, доколку сакате да постигнете побрзи резултати.

За овој витамински шејк потребно ви е:

  • 2 моркови
  • 1 стебло целер
  • Половина свежа краставица
  • Шолја исчистена брокула

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер или соковник, по ваша желба. Не додавајте никакви засладувачи или зачини за подобар вкус, ќе забележите дека нема ни да има потреба.

Консумирајте по потреба, доколку почувствувате болка или пак превентивно, секое утро по појадокот.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg