Брз тренинг за згодни момци: 15 минути, 3 вежби, 300 мускули

Употребете ги овие вежби за брзо да се ослободите од вишокот килограми и да ги истакнете мускулите. Правете ги овие вежби по ред, а секоја повторете ја 10 пати. Откако ќе ги завршите, повторувајте ги вежбите до истекот на времето.

brz-trening-za-zgodni-momci-15-minuti-3-vezbi-300-muskuli-01
Ако се заморите може да направите кратка пауза, но подобро е да се потрудите да издржите 15 минути.

1. Длабоко чучнување

Застанете така што стапалата ќе ви бидат на ширина и во иста линија со рамената. Чучнете најниско што можете така што колковите ќе ги туркате надолу, а бедрата треба да ви бидат паралелни со подот. Задржете се кратко во таа положба, а потоа полека исправете се. Повторете 10 пати.

brz-trening-za-zgodni-momci-15-minuti-3-vezbi-300-muskuli-1

2. Џудо склек

Поставете се во положба за склек, но стапалата поставете ги во ширина на колковите и придвижете ги нанапред така што ќе ги подигнете и телото отприлика ќе ви изгледа како наопаку буквата V. Спуштете го горниот дел од телото додека брадата не ви се приближат до подот, а потоа спуштете ги колковите и подигнете ја главата и рамената кон плафонот. После тоа сите чекори направете ги наназад, по обратен редослед и вратете се во почетната положба.

brz-trening-za-zgodni-momci-15-minuti-3-vezbi-300-muskuli-2

3. Стомачни вежби

Легнете на грб, исправете ги нозете, а рацете поставете ги покрај телото со лактите во положба од 90 степени. Кога ги правите стомачните вежби, наизменично завртувајте го горниот дел од телото така што десниот лакот ќе го допирате со левото колено, а левиот лакот со десното колено. Повторете ја вежбата 10 пати.

brz-trening-za-zgodni-momci-15-minuti-3-vezbi-300-muskuli-3

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg