Природни средства против стрии

Стриите се една од најнепријатните појави на нашето тело, особено кај девојките, кои сакаат да ги скријат на секој можен начин. Постојат различни начини за да ги прикриете со помош на природни рецепти, покрај оние во естетската хирургија.

prirodni-sredstva-protiv-strii-01

Еден од омилените рецепти е алое вера, која помага во бројни проблеми со кожата, преполна е со активни и хранливи материи кои може да се користат за покривање на стриите. Гелот од алое вера се размачкува и се остава да се впие и исуши неколку минути, по што треба да се измие со млака вода.

Грозјето одлично ја навлажнува кожата, а состојките во него ја штитат и ја разубавуваат кожата. Изгмечете го грозјето и нанесете го на местото каде што имате стрии, оставете го да делува околу половина час, а потоа исплакнете го со млака вода. Овој третман ќе ги ублажи постоечките стрии и ја спречуваат појавата на нови.

Маслото од какао најдобро помага за стриите после бременоста, а се нанесува на местото со стриите наутро и навечер.

Маслиновото масло е богато со хранливи состојки и антиоксиданси кои помагаат во повеќето проблеми со кожата. Нанесете го со мала газа на местото со стрии. Тоа ќе ја подобри циркулацијата и ќе ги намали стриите. Ако го оставите подолго време, потполно да се впие, ќе ја збогатите кожата со А, D и E витамини.

prirodni-sredstva-protiv-strii-1

Пире од варени моркови одлично делува на стриите. Треба да го оставите да делува најдолго што може, по што треба да го измиете со млака вода. Овој рецепт е препорачлив за зимно време, бидејќи привремено ви ја бојат кожата портокалова.

Сокот од компир го поттикнува растот и ја обновува кожата, а третманот е многу едноставен. Пресечете жив компир и со него тријте ги стриите, по 10 минути исплакнете со млака вода.

Масло од чајно дрво е едно од најдобрите масла за кожа, бидејќи има фантастични антивирусни, антивоспалителни и антибиотски својства. Нанесете го еднаш дневно, во случај да не можете да го поднесете силниот медицински мирис кој го има.

prirodni-sredstva-protiv-strii-2

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg