Овошни и зеленчукови задоволства во јули
Веројатно не постои месец во годината во кој сезонската храна е здрава и вкусна како во јули. Во овој месец имате можност да уживате во најсочното летно овошје, но и во освежувачкиот зеленчук.
Праски: Зошто ги сакаме?
Една праска со средна големина покрај добриот вкус, на нашиот организам му носи неопходни влaкна, витамин Ц и А. Витаминот А му помага на нашиот организам да го одржи балансот на течности во текот на летните денови, а витаминот Ц прави чуда за имуниот систем на кожата, посебно во летниот период кога е изложена на агресивни сончеви зраци.
Како најдобро да уживате во праските?
Природата сама по себе ни го овозможува најосвежителниот вкус, па затоа најубаво и најздраво е да ги јадете свежи. Доколку пак сакате да бидете креативни, може да ги примените и во сангрија или пак да ги карамелизирате и да ги прелиете со сладолед од ванила и цимет.
Нектарини праски: Зошто ги сакаме?
Баш како и нивните претходници, и нектарините се полни со витамини и влакна, а од друга страна бројот на калории е неверојатно низок.
Како најдобро да уживате во нив?
Иако и тие се најдобри за консумирање во природната форма, богатиот вкус на нектарините ви овозможува да ги истакнете вашите кулинарски способности. Од нив може да направите необичен прелив за месо, слатко, сокови или пак десерт со парчиња нектарини праски.
Домат: Зошто го сакаме?
Една порција исечкан домат дневно задоволува една третина од количината витамин Ц која му е потребна на човекот во текот на денот, а обезбедува исто толку витамин А. Овој зеленчук е богат и со Б6, Е и К витамини. Исто така содржи и моќен антиоксиданс кој помага во борба со некои видови на рак, но и го регулира кардиоваскуларното здравје.
Како најдобро да уживате во него?
Кога ќе сакате да консумирате домати, можностите и варијациите се неограничени. Од него може да направите сок, сос или супа, да го додадете во варени јадења, да го јадете во сендвичи и тостови или како салата.
Пченка: Зошто ја сакаме?
Пченката е богата со влакна и преполна со вода. Во неа има доста витамин Ц, па едно клавче содржи 10 проценти од дневните потреби.
Како најдобро да уживате во неа?
Наместо преработената пченка, нарачувајте испечена, посолете ја и мешајте ја со салата по ваш избор.
Лубеница: Зошто ја сакаме?
Додека температурите растат, кришката сочна лубеница преполна со вода, делува неодоливо. Со оглед на тоа дека лубеницата е 92 проценти вода и има мало количество на калории, одлична е за да го хидрира вашето тело. Содржи витамини А и Ц, а во неа има и ликоден и бета каротен.
Како најдобро да уживате во неа?
Пробајте ја летната освежувачка салата од лубеница, фета сирење и нане или направете вкусен овошен ражнич кој ќе го прелиете со мешавина од нане и мед.