Како полесно да ги издржите диетите?
Не е неопходно да направите драстични промени ако сакате да изгледате витко и убаво. За здрав живот понекогаш доволни се само неколку мали дневни ритуали кон кои ќе се придржувате.
За полесно да ги издржите диетите без прекршувања, придржувајте се кон следниве нешта...
Начин на живот
Важно е кога ќе одлучите да ослабете е да не го разбирате тоа премногу краткорочно. Сфатете го како придржување кон здрава исхрана, па затоа правите нови избори кога се во прашање оброците. На тој начин слабеењето ќе биде долгорочно и килограмите нема да ги вратите за само неколку недели.
Направeте едноставни замени
Започнете постепено, не се одрекувајте од сè наеднаш. Најпрво тестенините заменете ги со интегрално брашно, оброкот во кој има варен компир не го комбинирајте со леб или пак ако дневно пиете по 3 чаши млеко намалете ги на една. Исто така, бирајте намирници богати со вода, а сиромашни со калории.
Додајте неколку вежби
Многу истражувања тврдат дека вежбањето го регулира крвниот притисок, холестеролот, шеќерот во крвта, а воедно и го подобрува расположението. Се препорачува телото да го одржувате здраво и со 30 минутни вежби во текот на денот. Комбинирајте истегнување, вежби за сила и кардио вежби.
Направете здрав избор на брзата храна
Брзата храна е најчест избор на современите девојки и жени. Но, брзата храна не мора одма да значи и нешто нездраво. Наместо хамбургер и помфрит или тост, одберете сендвич полн со свежи салати и сосови, а вкусот може да го збогатите со омилените зачини. Тоа е многу поздрав избор, а воедно и побрз.
Обојте ја вашата чинија
Грижете се во порцијата да имате што повеќе бои. Тоа укажува на поздрав оброк полн со хранливи вредности. Почнете со црвената - домати, додајте малку жолта или портокалова - морков или пиперка, зелена - лиснат зеленчук, а додајте и малку сина - боровници.