Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


16 сигнали дека имате мигрена

Мигрената е мачна главоболка која обично се појавува во вид на пулсирање, на само едно одредено место од главата. Физичката активност само ја зголемува оваа болка, но симптомите може да варираат.

16-signali-deka-imate-migrena-01

Разликувањето на главоболката од мигрената е многу важно, заради нејзиното лечење. Затоа, најпрво констатирајте каков тип на главоболка имате пред да ја лечите.

Ова се најчестите симптоми и показатели дека боледувате од мигрена:

1. Аура - Обично се појавува околу 1 час пред болката да започне. Тоа се всушност визуелни нарушувања, како и искри пред очите во било кој облик. Аурата трае обично неколку минути и дефинитивно не е знак кој треба да го игнорирате.

2. Депресија, раздразливост или возбуда – Дел од оние кои боледуваат може да почувствуваат ненадејна депресија, додека други може да почувствуваат голема енергија и возбуда. Поврзаноста со мигрената се сите ненадејни промени во расположението, за кои нема очигледна причина.

3. Недостаток на одмор во текот на ноќта – Константното будење како да сте изморени, со силна главоболка или пак забележувате проблем во текот на ноќта, тогаш сигурно страдате од недостаток на одмор предизвикан од мигрена.

4. Насолзени очи – Кај некои луѓе се јавува дури во облик на солзење силно исто како кога плачеме.

5. Глад – Непосредно пред мигрената се јавува неверојатна желба за јадење, дури и ако сте јаделе пред неколку минути, а најчесто гладта е насочена кон еден вид на храна.

6. Болка во едната страна на главата, како нешто да ве боде – Овој симптом се јавува дури кај половина од луѓето кои страдаат од мигрена.

7. Болка во очите – Често пати мигрената се открива токму поради очните прегледи, на кои луѓето се жалат од отечените и изморени очи.

8. Болка во вратот – Постојаната болка ви вратот и рамената во ниту еден случај не смее да ја игнорирате, бидејќи и тоа е еден од главните симптоми.

16-signali-deka-imate-migrena-1

9. Често мокрење – Поврзаноста можеби е чудна, но е многу точна. Ако овој симптом го забележите, очекувајте ја главоболката за само неколку часа.

10. Зевање – Бидејќи зевањето е последица на замор, се зема како уште еден симптом на кој треба да обрнете внимание.

11. Мачнина и повраќање – Вртоглавицата и главоболката често пати резултираат со мачнини во стомакот и нагони за повраќање, барем кога се работи за мигрена.

12. Губење на чувствителност – Многу од луѓето кои страдаат подолго време од мигрена, се жалат на ослабена чувствителност на кожата.

13. Чувството за мирис се изострува – Ако ви се случува мирисите да ја влошат главоболката или вртоглавицата, а дотогаш не ви пречеле, тогаш е време да ја дијагностицирате мигрената.

14. Активностите ја зголемуваат болката – Ако рутинските активности почнуваат да ви ги зголемуваат болките, тогаш време е да преземете нешто.

15. Проблеми со говорот – Ретко се случува, но има случаи каде што оние кои боледуваат од мигрена забораваат зборови или имаат било каков проблем во говорот, кој претходно никогаш не го забележале.

16. Мамурлак по главоболката – По мигрената многумина чувствуваат исцрпеност, безволност, проблеми со концентрацијата, како и губење на енергија.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
„По 20 години болни менструации од кои губев свест, ми дијагностицираа ендометриоза“ Млада Британка две децении имала обилни и толку болни менструации, што некогаш г...
8 причини за болка во градите кои не се ПМС Покрај хормоналните промени за време на ПМС, и други фактори можат да предизвика...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg