7 фантастични употреби на лукот
Многу често користена намирница во речиси секој кујна, лукот е еден од најпрепознатливите природни лековити намирници.
Освен што лекува од грип и настинка, благодарение на своето антибактериско дејство, лукот лесно се применува и во низа дуги ситуации.
1. Акни
Една од предностите на лукот е секако неговото поволно дејство на убавината, имено сокот од лук ги лечи акните. Доволно е да се згмечат две чешниња лук и смесата да се стави на воспаленото место, резултатот ќе биде видлив веќе по неколку минути откако ќе спласне отокот од мозолчето.
2. Херпес
Вирусната инфекција на усните која е добро позната како херпес, е многу непријатна појава, но излечива ако на неа се стави чешне лук и се држи директно на болното место околу 10 минути. За подобар ефект постапката повтопрете ја пет пати во текот на денот.
3. Воспаление на увото
Лукот помага и при лечење на воспаление на уво, а рецептот е брз и едноставен. Во лажица жешко маслиново масло ставете згмечено чешне лук и оставете го да одлежи еден час, неколку капки капнете во увото и истото повторете го два пати во текот на денот.
4. Иверка под кожата
Мало парче дрво кое се закачува под кожата тешко може да се извлече, но со помош на лукче ставено на болното место и покриено со фластер иверката лесно ќе исплива на површина.
5. Губење на косата
Лукот е познат и по своето делотворно својство за заздравување на влакната, затоа ако ја губите косата, неколку пати во текот на денот истријте ја со масло од лук или со лук и оставете да делува барем 10 минути.
6. Сируп за кашлица
Лукот делува како антибиотик па може да помогне и во борбата против кашлицата. Ситно насечкани две чешниња лук ставете во еден децилитар вода, оставете да отстои неколку минути и потоа пијте го како чај...
7. За нега на кожата
Алицинот, состојка на лукот, помага во омекнување на кожата и ја прави мазна. Додајте малку згмечен лук во вашата маска за лице, задржете ја неколку минути и исперете со млака вода. Чистиот тен и свежиот изглед ќе бидат резултат на оваа лесна постапка.
Би можело да ве интересира:





