Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 експресни проверки на лошиот здив

Лошиот здив го предизвикуваат бројни фактори. Некои од нив се поврзани со основната хигиена на забите и усната шуплина, но некои се предизвикани од секојдневните навики, односно храната и пијалакот кој го внесуваме во организмот.

3-ekspresni-proverki-na-losiot-zdiv

Ако планирате да одите на важен состанок, или пак на дружење со пријателите или симпатијата, тестирајте го својот здив на три експресни начини.

1. Со дланката

Лизнете го долниот дел од дланката и почекајте да се исуши плунката. По 5 до 10 минути помирисајте го местото. Непријатниот мирис го предизвикуваат анаеробните бактерии кои во устата создаваат соединенија со сулфур, а сулфурот е главниот виновник за лошиот здив.

2. Со газа

Со парче газа, или памучно крпче добро исчистете го јазикот. Ако на него остане жолтеникава трага, очекувајте и непријатен мирис. Најмногу бактерии кои што предизвикуваат непријатен мирис има на јазикот, под белиот слој каде што се развиваат. Колку е подебел белиот слој на јазикот, тие побргу ќе се размножуваат.

3. Со конец

Со конец за заби исчистете ги катниците, а по чистењето помирисајте го конецот. Ако на него има бели наслаги и ако почувствувате непријатен мирис, време е да се измијат забите. Спомнатите бактерии ги има по целата усна шуплина, а тоа значи и помеѓу забите.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg