Влијанието на марихуаната
Долгорочното користење на марихуаната го уништува мозокот т.е. ја смалува неговата когнитивна способност, потврдено е повторно. “Таа дефинитивно...
...го заматува мозокот“ - вели Ламброс Месинис, главен истражувал на Медицинскиот факултет во Патра, Грција.
Месинис со своите колеги ја истражувал менталната способност на 20 долгорочни корисници на марихуана - тешки зависници, кои пушеле најмалку 4 џоинта неделно, и ги споредувале резултатите со помали корисници и со луѓе кои никогаш не користеле марихуана.
Нивниот мозок имал значително послаби способности. На тестот се покажале многу лоши можности за помнење и за присетување на информациите. На пример, кога требале да повторат 15 зборови кои ги виделе последни во просек се сетиле на 7, оние кои користеле марихуана пократок период на 9, а оние кои воопшто не користеле се сетиле на 12 зборови.
“Оние кои користат марихуана подолго време, многу тешко учат и помнат информации кои ќе ги чујат“ - вели Месинис. “Не е во прашање недостаток на внимание, едноставно се работи за ослабена способност за помнење“.
Сите испитаници пред истражувањето биле во карантин 24 часа, за да се отстрани можноста сеуште да бидат под влијание на дрога.
Истражувањето го потврдила и Надја Солвиџ, научник од Австралија, која рекла дека истражувањето е само надоградување на нејзината работа од 2002 година.
“Научниците само ги потврдиле нашите резултати- користењето марихуана прогресивно влијае на работата на мозокот и когнитивната способност. Колку подолго ја користите - толку повеќе ви слабее способноста за помнење“.