Како до подобри сперматозоиди
Мажите кои јадат голема количина на месо и млечни производи имаат семена течност со понизок квалитет од оние кои се орентирани на овошје...
...зеленчук и посни производи, покажала студијата која била извршена на Институтот Бернарбеу во Шпанија. Истражувањето било изведено врз 61 шпанец.
Било утврдено дека половина од испитаниците имаат сперма со лош квалитет и дека станува збор за луѓе кои во нивната исхрана внесуваат поголема количина на млечни и месни производи.
Научниците објаснуваат дека витаминот Ц и ликопенот кои се наоѓаат во овошјето можат да помогнат за да се зачуваат сперматозоидите од оштетување.
Од друга страна пак, месото и млечните производи му донесуваат на организмот зголемено ниво на ксенобиотик и на разни хемиски соединенија кои делуваат како естроген.
Исто така научниците тврдат дека храната во која се употребуваат хормони се забранети уште во 1988 година, но поголемиот дел од испитаниците биле родени пред 1988 година, со што биле подложни на таков тип на исхрана.