Зошто не треба да спиете до касно за време на викенд?

Повеќето луѓе, по напорната недела, едвај го чекаат викендот за да поспијат некој час повеќе, но стручњаците нè уверуваат дека тоа е погрешно и дека тоа дополнително нè заморува.

za-vikend-en-treba-podolgo-da-se-spie-eve-zosto

Спротивно на врежаното мислење, стручњаците тврдат дека е погрешно да се обидуваме во сабота и недела да го надоместиме сонот, бидејќи со тоа само го зголемуваме чувството на умот и поспаност, па во понеделник уште потешко се будиме.

Тимот на истражувачи од Универзитетот Саутвестерн во Тексас открил дека продолженото спиење за викенд ни го менува ритамот – внатрешниот телесен часовник кој ни говори кога е време за спиење, за јадење или за будење и извршување на останатите телесни функции.

Тој ритам кој се повторува секои 24 часа, се менува ако се обидеме да воспоставиме поинаков, „нормален“ циклус на спиење.

Излежувањето по креветот во сабота и недела наутро, значи не е ефикасен метод за отстранување на уморот кој се акумулирал во текот на работната недела.

Доктор Грегори Картер, стручњак за медицината на сонот и коавтор на студијата, советува за викенд да се легне малку порано и да се спие осум часови, а будењето да биде во вообичаеното време за внатрешниот ритам да не се смени.

„За да го одржиме внатрешниот часовник, треба да си легнеме осум часа пред вообичаеното будење“, вели Д-р Картер.

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Ротавирус кај деца: Кои се симптомите и колку е опасен? Ротавирусот многу лесно се пренесува и може да преживее неколку часа на неизмиен...
Зошто се чувствувате анксиозно и депресивно во недела и како да си помогнете? Размислете дали постои конкретен проблем што ви предизвикува анксиозни и депреси...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg