Како да ви биде денот еден час подолг
На сите ни се чини дека работниот ден нема доволно часови и дека добро би ни дошло уште малку дополнително време. Еве неколку совети од стручљаците за организација и продуктивност, кои би требало да ви помогнат да заштедите барем еден час.
Заштедете 25 минути
Ако сте сред работа, немојте да прекинувате за да се јавите на телефон, да одговорите на мејл ,или за да се вклучите во разговор. Според некои истражувања, по таквите прекинувања потребно ни е 20 и повеќе минути за да го вратиме истото ниво на концентрација.
Заштедете 20 минути
За да ја избегнете неодлучноста – на која непродуктивно губиме најмногу време – испланирајте го својот распоред три дена порано, а повеќето од нас без тешкотии тоа можат да го направат. Ако до последен момент чекате за да одлучите дали ќе подготвувате појадок, или ќе одите во теретана, нема да бидете подготвени ниту за едното ниту за другото.
Заштедете 15 минути
Скратете го времето потребно за избор на облека, така што во плакарот ќе ја групирате според приликите во кои се носи (елегантна, деловна, за слободно време) и по бојата. Металните закачалки кои лесно се закачуваат во облеката, заменете ги со дрвени или палстични.
Заштедете 5 минути
Девојки, наместо да копате по неуредниот несесер за шминка, ограничете се на 8 производи кои најчесто ги користите и ставете ги во плакар во бањата, така што да бидат лесно достапни.