Медот е чудесен лек
Апитерапијата најкрако може да се дефинира како употреба на пчелни производи во служба на здравјето. Повеќе од 2000 години луѓето користат мед за превенција и лечење на многу болести, а апитерапијата може да им помогне на сите без разлика на староста, освен на бебињата и на оние кои се алергични на пчелни производи.
Разни видови мед се препорачуваат за лечење на разни болести.
Багремов мед – погоден е за болни со пречки во варењето и делува смирувачки на целиот организам. Може да го јадат дури и деца до три години.
Ливадски мед - содржи повеќе етерски масла и особено им се препорачува на срцевите болни, а може да помогне и кај респираторните заболувања.
Липов мед – има антисептично дејство и се користи кај грипот, бронхитисот и другите респираторни заболувања. Најдобро е да се консумира заедно со чај од лековити билки.
Шумски мед - содржи 13 пати повеќе минерални материи отколку цветните видови мед. Особено е богат со железо, па посебно им се препорачува на анемичните.