Која храна ја намалува желбата за секс?
Пржената храна, млекото и млечните производи, алкохолот, месото со послаб квалитет, сојата и производите од соја но и колачите се некои од намирниците кои, според нутриционистите може да предизвикаат промени во организмот кои предизвикуваат намалена желба за секс.
Пржена храна
Оваа храна содржи голема количина масни киселини кои доведуваат до таложење на маснотиите на ѕидовите на крвните садови. Така доаѓа до успорување на крвотокот во целото тело но и кон гениталиите што предизвикува слабеење на либидото.
Сладолед и сирење
Големото внесување на млечни производи може да доведе до појава на грчеви, надуеност и чувство на тежина па затоа стручњаците препорачуваат консумирањето на таа храна да се ограничи. За да бидат резултатите видливи во најкус можен рок, најдобро е да се земаат само три млечни оброци во текот на неделата.
Алкохол
Иако внесувањето на прекумерна количина алкохол може негативно да влијае на сексуалната желба, неговото влијание го забележуваме дури откако ќе го намалиме внесувањето на пијалакот. Затоа најдобро е наместо некој вкусен коктел да се испие освежителен овошен сок кој воедно ќе ни даде и енергија за сексуалната активност.
Хамбургер и хот дог
Месото кое се користи за производство на виршли и плескавици е со послаб квалитет и содржи многу хемикалии кои може да доведат до хормонска нерамнотежа во организмот. Наместо тие преработки би требало да се користи храна од органско потекло.
Крофни
Освен маснотиите, на либидото негативно делуваат и секојдневните големи осцилации на шеќерот во крвта. Но, иако не се препорачува секојдневно внесување на колачи, повремено е сепак дозволено.
Вода од чешма
Во одредени води од чешма може да се пронајдат и синтетски хемикалии кои го намалуваат нивото на енергија. Тоа е особено значајно за мажите бидејќи со нивно консумирање се намалува количината ма тестостерон. Решението за овој проблем е вградување на домашни филтри за пречистување на водата.