4 намирници за добро расположение
Одамна е познато дека чоколадото го поттикнува лачењето на серотонинот, хормонот на среќата, но само ако се консумира во одредена количина.
Меѓутоа постојат и други бројни намирници кои го поправаат расположението, го смируваат и намалуваат ризикот од депресија.
Ви преставуваме четири „весели“ намирници:
Банани
Ова овошје ве прави среќни, а причина за тоа е триптофанот, супстанца која нашето тело ја претвора во серотонин, кој е познат по тоа што не опушта и ни го поправа расположението. Освен тоа, бананите, благодарение на витаминот Б6 го одржуваат нивото на шеќерот на константно ниво во наредните неколку часа откако ќе ги изедеме, што допринесува на будноста и доброто расположение.
Зелена салата
Оваа салата преставува богат извор на фолна киселина која што го поправа расположението. При тоа е многу богата со магнезиум, калиум и витамините А и Ц. Зелената салата е одлично средство против несоница бидејќи содржи млечен сок, кој ги смирува нервите и предизвикува сон.
Бадеми
Не е тајна дека оревите, бадемите, лешниците... го поправаат расположението и го прават организмот отпорен на стрес. Затоа бадемите се најдобриот природен антидепресив, а богати се и со витамин Е. Истражувањата покажеле дека луѓето кои два пати неделно јадат бадеми имаат за 50% помал ризик да добијат срцев удар.
Лосос
Поради големата содржина на омега-3 масни киселини, лососот е многу добар за срцето, а овие киселини исто така можат да ја ублажат депресијата и да ја намалат напнатоста и раздразливоста на организмот. Скушата, туната и харингата исто така спаѓаат во „весели“ намирници.