Во рок од пет минути: 8 трикови за подобро расположение

vo-rok-od-5-minuti-8-trikovi-za-podobro-raspolozenie

Чашка ракија, еден здив мирис од ванила или една тура расчистување низ дома можат да ви го поправат расположението. Наместо скапите и непристапни методи одберете еден од овие 8 наједноставни начини за да ја вратите насмевката на лицето.

Мирис од ванила

Ванилата предизвикува пријатна емотивна состојба. Молекулите од есенцијалното масло или чајот од ванила ги поттикнуваат деловите од нашиот мозок и за три минути ќе почувствуваме спокојство.

Полна порција зеленчук

Две чинии овошје дневно ќе помогнат да се чувствувате поведро и пооптимистички, покажало истражувањето на Универзитетот УКЛА. За тоа е „виновни“ сложените јагленохидрати кои го зголемуваат производството на серотонин. Најдобро е да јадете наутро и рано попладне.

Дополнителни витамини

Витамините е добро да ги земате наутро и тоа како додаток на појадокот, бидејќи со храната подобро ќе се апсорбираат. Вклучете задолжително Витамин Д кој што е корисен за коските и нервите.

Рибиното масло штити од депресија

Есенцијалните маснотии омега – 3 се одлична храна за мозокот. Потребно е три до четири пати неделно да се јаде риба.

Фантазирањето е здраво

Со фантазирање ќе ја отстраните депресијата. Новото холандско истражување покажало дека секојдневното сонување во траење од пет минути има значајно антидепресивно делување. Фантазиите го поттикнуваат лачењето на допаминот.

Допирите се лековити

Масажата ги стимулира нервите кои што водат од кожата до хипофизата, жлезда во мозокот која што произведува ендорфин. Две получасовни масажи неделно го покачуваат нивото на ендорфин за 30 проценти.

Чистете и уживајте

Истражувањето на Харвард утврдило дека 20 минути дневно чистење низ дома го намалува производството на стресни хормони за 45 проценти во текот на следните три часа.

Сонот злато вреди

Цврстиот сон е непроценлив за доброто расположение. Важно е во текот на сонот да нема бучава. Ако немате услови за тоа користете заштита за ушите и маска за очите.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Што е мача и зошто е добро да се пие? Мача е зелен чај во прав, кој е одличен за превенција од рак, а ги штити коските...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg