И сладоледот е извор на витамини

Сладоледот е омилен летен десерт, а со унапедувањето на технологијата на производство се зголеми неговата разновидност и вкус.

Но сладоледот е добро да се јаде во летните месеци не само од хегедонистички причини, туку и затоа што може да му допринесе на вашето здравје.

i-sladoledot-e-izvor-na-vitamini-1

Богат е со калциум

На возрасен човек дневно му се потребни околу 1000мг калциум, додека трудниците и децата имаат зголемена потреба од тој минерал. Поради млекото и благата павлака како основни намирници во производството на сладоледот, оваа намирница добро ќе послужи како еден од изворите не само на калциум, туку и на витамините А и Б.

i-sladoledot-e-izvor-na-vitamini-2

Помага во одржување на телесната температура

Поради процентот на шеќер и млечна маст, сладоледот идеално изладен на – 6  Целзиусови степени се смета за „убиец“ на добрата линија. Но некои студии тврдат дека калциумот ја намалува неговата калорична вредност која изнесува помеѓу 125 и 300 калории на 100 грама производ, а во топлите денови придонесува за одржување на телесната температура.

i-sladoledot-e-izvor-na-vitamini-3

Богат е со витамини и антиоксиданси

Овошниот сладолед кој се подготвува од смрзнато или свежо овошје содржи витамини, додека оној со вкус на кафе и чоколадо, доколку навистина се подготвува од вистински зрна кафе и какао, обезбедува доза на антиоксиданси кои го штитат срцето.

Би можело да ве интересира:

Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Работи што треба да ги знаете за хемороидите, а за кои се срамите да прашате Помалите хемороиди поминуваат сами од себе за неколку дена, а можат да се јават ...
Варичела (или овчи сипаници): Колку време трае болеста и што треба да избегнуваат заразените? Дали смеете да се туширате додека имате овчи сипаници (или варичела), колку врем...
Како да препознаете сончаница кај децата и кога треба веднаш да се обратите на лекар? Што да правите ако вашето дете добие сончаница додека сте на плажа? Кои се симпт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg