Чоколадо за памтење
Конзумирањето на чоколадо ја подобрува способноста на мозокот да решава математички загатки, покажува истражувањето на група британски научници.
Успешните студенти кои конзумираат голема количина на чоколадо додека ги спремаат свои испити покажуваат подобри резултати.
Научниците докажале дека конзумирањето на чоколадо видно ги зголемува способностите на мозокот.
Во истражувањето волонтерите после испиеното топло чоколадо или какао, покажувале знаци на многу полесно справување со математички операции кои можеле дури и да ги решаваат напамет.
Волонтерите истотака чувствувале помалку замор и исцрпеност. Професорот Дејвид Кенеди, директор на центарот за истражување во Њукасл и коавтор на истражувањето, истакнува дека чоколадото може да биде доста корисно во решавањето на разни ментални задачи.
Чоколадото може да помогне кога за некоја работа треба да се вложи поголем напор. Во истражувањето учествувале 30 волонтери за кои се покажало дека може многу побрзо да сметаат послем испиениот напиток на топло чоколадо.