Знаци дека имате предијабетес и како да го регулирате нивото на шеќер во крвта
Зголемено чувство на глад
Зголемениот апетит, заедно со зголеменото чувство на жед и честото одење во тоалет се меѓу главните знаци на предијабетес.
Апетитот може да се зголеми бидејќи организмот не може да го претвори шеќерот во енергија, па почнувате да чувствувате глад.
Бавно зараснување на рани
Високото ниво на шеќер во крвта може да го отежни заздравувањето на раните, особено во областа на стапалата.
Проблеми со дигестивниот систем
Кај некои пациенти, предијабетесот создава проблеми со дигестијата, поради што се јавуваат симптоми како подуеност и констипација.
Промени на кожата
Некогаш предијабетесот може да биде причина за промени во кожата, најчесто потемнување во областа на вратот, пазувите, лактите или препоните.
Како можете да го намалите ризикот од дијабетес тип 2?
Ако ги забележувате овие симптоми, не треба сами да се дијагностицирате, туку треба да се консултирате и со лекар.
Во меѓувреме, размислете да направите некои животни промени, како:
Хранете се поздраво – ограничете ја мрсната и преработената храна и давајте им предност на свежите намирници.
Вежбајте редовно – бидете активни барем пет дена неделно, доволно е и со прошетка.
Ослабете – доколку се ослободите од вишокот килограми, ќе можете да го регулирате нивото на шеќер во крвта ако немате други здравствени проблеми.
Пијте повеќе вода – хидратацијата е важна за целокупното здравје.
Слушајте ги препораките на вашиот лекар – следете ги неговите совети и доколу добиете терапија, примајте ја како што ви е препишано.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





