Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
QA Engineer 08-02-2025
QA Engineer 08-02-2025
QA Engineer 08-02-2025
.Net Developer 08-02-2025


4 можни причини за чешање „таму долу“, кога немате инфекција

Лубрикант кој ви создал иритација, но и намалено ниво на естроген – чешањето во областа на вагината не е секогаш предизвикано од инфекција и затоа е препорачливо дa се консултирате со гинеколог пред да почнете да се лекувате.

4-mozhni-prichini-za-cheshanje-tamu-dolu-koga-nemate-infekcija01.jpg

Кога ќе почувствувате чешање во област на вагината, сигурно најпрво помислувате дека станува збор за некаква инфекција.

Но, иако инфекциите, посебно габичните, не се ретка појава кај жените, постојат и многу други причини за чешање.

Поради ова, не е препорачливо самите да се лекувате и веднаш да ставате кремови за инфекции.

Секогаш е подобро ден-два да ги следите симптомите, а во меѓувреме да се консултирате и со гинеколог.

4 причини за чешање на вагината кои не се инфекција:

Животни навики

Ако чувствувате чешање на надворешниот дел, односно вулвата, можно е да станува збор за иритација на кожата.

Оваа иритацијата може да настане од тесна долна облека, бричење, пот…

Во овој случај можно е да забележите и црвенило.

4-mozhni-prichini-za-cheshanje-tamu-dolu-koga-nemate-infekcija-02.JPG

Сексуални односи

Ако со партнерот сте искористиле нов лубрикант или, пак, нов бренд кондоми кои не сте ги пробале дотогаш, а потоа чувствувате чешање во вагината, можно е да биде реакција од нив.

Во овој случај најдобро престанете да ги користите тие лубриканти и кондоми.

4-mozhni-prichini-za-cheshanje-tamu-dolu-koga-nemate-infekcija-03.JPG

Намалено ниво на естроген

Некогаш и хормоналните промени можат да предизвикаат чешање.

Ако имате намалено ниво на естроген, вагината може да биде посува и поради тоа да чувствувате чешање, но и болка при секс.

Нивото на естроген може да го провери само лекар, па ако чувствувате и други симптоми, немојте да ги игнорирате.

4-mozhni-prichini-za-cheshanje-tamu-dolu-koga-nemate-infekcija-04.JPG

Продукти за хигиена

Никогаш не треба да ја чистите внатрешноста на вагината со вода и сапун или шампон, дури и ако се за интимна нега.

Во спротивно може да ја иритирате да чувствувате чешање.

Продуктите за интимна нега користете ги само за надворешниот дел, односно вулвата.

Исто така, избегнувајте продукти со алкохол и парфеми кои можат да ја иритираат нежната кожа.

4-mozhni-prichini-za-cheshanje-tamu-dolu-koga-nemate-infekcija-05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg