Топ 5 спортови за помалку килограми
Како што се стоплува времето, така расте и мотивацијата за спортување и ангажирање околу изгледот. Ако сакате побрзо да изгубите килограми, ова се...
...петте топ спортови кои ќе ви ја олеснат задачата, нормално со соодветен режим на исхрана:
1. Степ аеробик. Се концентрира на нозете, задникот и колковите кои секогаш се критична зона особено кај девојките.
2. Возење велосипед. Зависно од брзината и типот на стазата, велосипедот е вистински потрошувач на калории. Започнете со помала километража, а потоа обидете се и на планински предели.
3. Пливање. Освен што трошите доста калории, со пливањето се обликува целото тело бидејќи се активираат сите мускули.
4. Бадминтон. Ако веќе ви е тешко да играте тенис, обидете се со бадминтон. Се движите доста многу, но поактивен е горниот дел од телото.
5. Трчање. Џогирањето освен што ќе ви помогне да се одржите во форма, ќе ја подобрите кондицијата и ќе се чувствувате подобро.