Помалку познати симптоми за инфекција со кандида (и како да го намалите ризикот)
Дигестивни проблеми, но и инфекција на уринарниот тракт – кои симптоми се знак дека можеби имате инфекција со кандида?
Кандидата е габа која се наоѓа во нашиот организам, поточно во устата и цревата, и главно помага при дигестијата на храна.
Ако кандидата се размножи премногу, ќе ја наруши природната рамнотежа на организмот и може да предизвика проблеми.
Во овој случај, се јавува кандидијаза, односно таканаречена инфекција со кандида.
И, важно е да бидете свесни за симптомите за да можете да реагирате навреме.
Дел од помалку познатите симптоми:
Габични инфекции
Габичните инфекции на ноктите и кожата се чест знак за кандидијаза.
Ако ноктите ви делуваат задебелено, пожолтено и забележувате други необјасниви промени, можно е да станува збор за габична инфекција.
Истото важи и за необјаснивите промени на кожата.
Секако, можат да постојат и други причини за овие промени, па секогаш е добро да одите на лекар.
Дигестивни проблеми
Бидејќи кандидата се наоѓа во дигестивниот систем, јасно е дека ќе предизвика проблеми во овој дел.
Најчестите проблеми кои се јавуваат се подуеност, дијареја или констипација.
Проблеми со кожата
Покрај габичните инфекции, можно е да забележите и други проблеми со кожата како црвенило или чешање, па и симптоми на егзема и псоријаза.
Инфекција на уринарниот тракт
Овој симптом е почест кај жените бидејќи поради анатомијата се посклони на инфекции на уринарниот тракт.
Ако забележувате симптоми на инфекција, важно е да одите на лекар бидејќи секогаш постои можност да се прошири кон бубрезите.
Симптоми на алергија
Ако одеднаш почнувате да забележите симптоми на алергија, како кивање и чешање на носот и ушите, можно е да станува збор за инфекција со кандида.
Уште не е целосно разбрана поврзаноста на кандидата и симптомите на алергија, но ова е појава што е забележана кај некои пациенти.
Променливо расположение
Инфекцијата со кандида може да има влијание и врз расположението.
Може да забележите изразена анксиозност, мрзеливост, депресивно расположение…