„Ме мачи мигрена – Не, тоа не е главоболка, буквално не сум способна ништо да правам“
„Мигрените не се главоболки! Пропуштив многу работи поради нив. Нормалните звуци како пуштање на вода во тоалетот ми се како земјотрес во главата. Не тоа не е само ‘мала болка во главата’... Ужасно е!“
Кејтлин Фладаџер e сопруга и мајка од Ванкувер, град во Канада, кој се наоѓа во покраината Британска Колумбија.
Таа со своите 691.000 следбеници на Инстаграм постојано споделува детали од своето секојдневие и семеен живот.
Овој пат таа искрено проговори за мигрената со која се соочува години наназад и во нејзината објава веруваме дека ќе се пронајдат многумина, кои го имаат овој проблем.
Искрената исповед на Кејтлин за мигрената:
„Мигрените не се главоболки.
Не можам само да се напијам апче и да продолжам со мојот ден.
Едвај можам да ги отворам очите без да чувствувам дека ќе ми се слоши.
Одредени мириси ме измачуваат.
Не можам да бидам во соба со светла, ми пречи дури и кога само зјапам во телефонот.
Морам да легнам во темница, и понекогаш дури и да плачам од болка.
Мора да носам очила за сонце, ако сум на светло место и ненадејно почувствувам дека мигрената ми доаѓа.
Можам дека ќе добијам мигрена дури и часови пред таа да пристигне.
Понекогаш можам да се разбудам наутро, знаејќи дека ќе имам мигрена таа ноќ.
Мирисите ги чувствувам позасилено.
Светлата ми изгледаат посветло.
Звуците ми звучат погласно.
Важните датуми како мојата свадба, патувања или специјални вечери секогаш ми се проследени со мрачните мисли дека е возможно да имам мигрена тој ден и плановите да ми бидат уништени.
„Мора да пиеш повеќе вода“.
„Само потребно ти е повеќе сон“.
„И јас добивам главоболки. Нели ти е само мала болка во главата? Не можеш ли да дремнеш 20 минути и да ти биде подобро?“
Овие работи сум ги слушнала многупати и не ми се од помош.