Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Инсомнијата ми го уништи животот - ова е ужасен проблем, верувајте ми“

Очајна за да го „сочувам“ и тој малку сон што успевав да го имам, почнав да не правам утрински и вечерни планови и се изолирав од сите. И по некое време, очекувано, поканите престанаа да пристигаат и луѓето се оттргнаа од мене – не ги обвинувам.

insomnijata-mi-go-unishti-zhivotot-ne-toa-ne-e-deka-ne-spijam-dobro-toa-e-uzhasen-problem-05.jpg

Покрај приватниот, ми страдаше и професионалниот живот.

Бев вработена на раководна функција во сфера финансии и притисокот од константните главоболки и конфузноста во главата од ненаспаност правеа да ми биде тешко да останам во топ форма на работа.

Дојдов до точка кога одлучив дека не вреди да го трпам тој стрес и во јули 2019 си дадов отказ.

Многу луѓе околу мене беа шокирани и не им се веруваше дека отфрлив сè за што работев толку долго. Но, тоа беше вистинската одлука за мене.

Долго потоа имав грижа на совест што целиот товар околу обезбедување на финансии за живот го префрлив врз плеќите на мојот сопруг.

insomnijata-mi-go-unishti-zhivotot-ne-toa-ne-e-deka-ne-spijam-dobro-toa-e-uzhasen-problem-06.jpg

Но, од друга страна емоциите ми се смирија и имав чувство на олеснување. Откако дадов отказ, спиењето малку ми се подобри и пронаоѓав задоволство во дружбата со ќерка ми и волонтирањето.

Нормално, дека има моменти кога сум фрустрирана дека несоницата ми доминира со животот, но исто така знам дека не сум сама во борбата со оваа состојба.

Се зачленив и во разни групи каде луѓе искрено зборуваат за проблемот со несоницата и тоа ми помогна.

insomnijata-mi-go-unishti-zhivotot-ne-toa-ne-e-deka-ne-spijam-dobro-toa-e-uzhasen-problem-07.jpg

Мора да се зборува јавно затоа што инсомнијата го зголемува и ризикот од појава на други заболувања, како што се кардиоваскуларните.

Сметам дека треба да има јавни здравствени кампањи како до подобар сон и докторите повеќе да се информираат како да им помогнат на луѓето со овој проблем.

Сонот не треба да биде луксуз, недостигот од истиот прави комплетна трансформација на животите на многу луѓе, како што ми направи и мене“.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Суптилни знаци дека некоја сакана личност е пред нервен слом (и треба да ѝ помогнете) Чувствува параноја, има проблеми на работа или на училиште и, генерално, се одне...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои мажите не треба да ги кријат Прекумерното потење, но и еректилната дисфункција можат да бидат знак за проблем...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Знаци дека имате предијабетес и како да го регулирате нивото на шеќер во крвта Зголеменото чувство на жед и глад, но и трнењето на екстремитетите можат да бида...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg