Што е предвремен пубертет, што го причинува и може ли да се спречи?

Централен предвремен пубертет

Кај овој тип предвремен пубертет, причината не е целосно позната.

Во овој случај, пубертетот почнува порано, но целиот процес продолжува вообичаено.

Во многу ретки случаи, централниот предвремен пубертет може да биде предизвикан од:

  • Тумор на мозокот или ’рбетниот столб
  • Промени во мозокот за време на раѓањето
  • Радијација на мозокот или ’рбетниот столб
  • Повреда на мозокот или ’рбетниот столб
  • Некои мошне ретки генетски болести и нарушувања
  • Хипотироидизам

shto-e-predvremen-pubertet-shto-go-prichinuva-i-mozhe-li-da-se-sprechi-05.JPG

Периферен предвремен пубертет

Во овој случај, предвремениот пубертет е предизвикан поради поголемо присуство на естроген и тестостерон во организмот.

Дел од причините можат да бидат:

  • Тумор на надбубрежните жлезди или хипофизата која лачи естроген и тестостерон
  • Ретки нарушувања и болести кои создаваат хормонална нерамнотежа
  • Изложеност на кремови и продукти кои содржат естроген или тестостерон
  • Цисти или тумори на јајникот кај девојчиња
  • Тумор на клетките одговорни за лачење сперма или клетките одговорни за тестостерон кај момчињата

shto-e-predvremen-pubertet-shto-go-prichinuva-i-mozhe-li-da-se-sprechi-11_copy.JPG

Кои се другите ризични фактори и можни компликации?

Забележано е дека предвремениот пубертет е почеста појава кај девојчињата. Исто така, дебелината може да го зголеми ризикот од предвремен пубертет.

Предвремениот пубертет сам по себе не предизвикува проблеми со здравјето.

Но, некогаш може да биде причина за понизок раст бидејќи децата со предвремен пубертет обично престануваат да растат порано.

Можеби најголемите проблеми што може да ги предизвика предвремениот пубертет се социјални и емоционални.

Децата кои се развиваат пред своите врсници може да се загрижени за промената нa нивните тела.

Мoже да им се јават проблеми со самодовербата, а кај девојчињата, првата менструација може да биде стресно искуство.

shto-e-predvremen-pubertet-shto-go-prichinuva-i-mozhe-li-da-se-sprechi-02.JPG

Може ли да се спречи предвремениот пубертет и како да му помогнете на детето?

Некои ризични фактори, како полот, не можат да се избегнат.

Сепак, како родител, избегнувајте да им давате на децата што било што содржи естроген или тестостерон.

Покрај кремови, ова можат да бидат додатоци во исхраната, а некогаш и лекови за возрасни.

Исто така, водете грижа за исхраната на вашите деца за да ја спречите дебелината.

Кога ќе забележите знаци на пубертет кај детето, секогаш е добро да се консултирате и со лекар.

shto-e-predvremen-pubertet-shto-go-prichinuva-i-mozhe-li-da-se-sprechi-08.JPG

Што се однесува до справувањето со промените, важно е да бидете отворени за разговор.

Објаснете им на децата што им се случува, на девојчињата покажете им како да користат влошки и како да се грижат за хигиената кога имаат менструација и одговарајте на нивните прашања.

Ваша задача е да им помогнете на децата да сфатат дека овие промени се нормални и дека низ нив минуваат сите.

shto-e-predvremen-pubertet-shto-go-prichinuva-i-mozhe-li-da-se-sprechi-04.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Три симптоми за време на менструација кои не треба да ги игнорирате, според докторка „Ако имате вртоглавица за време на менструација, можно е да губите многу крв и б...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg