3 природни енергетски пијалаци
Најдобрите витамини се во природен облик. Оставете ги апчињата и префрлете се на цедењето овошје и зеленчук. Ставете се во блендер...
...миксирајте, играјте си и уживајте во новите вкусови.
Енергетски бум
Потребно е:
150g јаболка, 120g моркови, 6 ливчиња босилек, 200ml сок од портокал, 500ml кефир, 1-2 лажичиња мед.
Подготовка:
Исчистениот морков изрендајте го, а излупените и исчистени јаболка ситно исечкајте ги. Јаболката, морковот, листовите од босилек, сокот од портокал, кефирот и медот ставете ги во блендер и добро иситнете ги. Добиениот густ сок разлијте го во чаши и послужете го.
Густ сок од јаболка
Потребно е:
5 лажици павлака, 4-5 лажици шеќер, 2 лажици лимонов сок, 5 јаболка, 4dl вода, 2 лажици ореви.
Подготовка:
Неизлупените јаболка изрендајте ги, потоа измешајте ги со павлаката, шеќерот и лимоновиот сок. Додајте исцедена превриена вода и мелени ореви. Добро измешајте, разлијте во чаши и послужете.
Црвен пијалак
Потребно е:
500g цвекло, 1kg јаболка, лимон, вода
Подготовка:
Излупеното цвекло изрендајте го и ставете го во блендер, додајте малку вода и иситнете го. Потоа низ газа исцедете за да се добие сок. Излупените јаболка исечкајте ги, ставете ги во блендер , испасирајте и исцедете преку газа. Составете ги двата сока и додајте им сок од лимон.