Болести кои ги пренесуваат комарците - колку се опасни и кои симптоми не треба да ги игнорирате?

Тигрестиот комарец го има и во Македонија, а пренесува повеќе од 20 видови болести. Некои од болестите што ги пренесуваат комарците може да предизвикаат оштетување на органите, па дури и смрт.

bolesti-koi-gi-prenesuvaat-komarcite-kolku-se-opasni-i-koi-simptomi-ne-treba-da-gi-ignorirate-01.jpg

Болестите кои ги пренесуваат комарците се сезонски по природа бидејќи зависат од животниот циклус на комарецот, односно од пролет до есен.

Три видови на комарци кои пренесуваат заразни болести се: Aedes, Culex и Anopheles.

Инвазивните комарци во Европа припаѓаат на родот Aedes, а еден од најинвазивните видови е азискиот тигрест комарец (Aedes albopictus), комарецот кој пренесува жолта треска (Aedes aegypti) и Aedes japonicus.

Поради климатските промени и подобрените транспортни врски, тигрестиот комарец кој пренесува над 22 видови болести е широко распространет на сите континенти, вклучително и во Македонија.

bolesti-koi-gi-prenesuvaat-komarcite-kolku-se-opasni-i-koi-simptomi-ne-treba-da-gi-ignorirate-02.jpg

Во продолжение дел од болестите кои ги пренесуваат комарците: 

Маларија

Маларијата ја има во околу 90 земји, најмногу во Централна и Јужна Америка, Африка, Југоисточна Азија и Блискиот Исток. 

Периодот на инкубација, односно времето од инфицирањето до појавата на симптомите на болеста, трае од 10 дена до 4 недели.

Симптоми на маларија се:

  • треска проследена со треска и морници;
  • главоболка;
  • болка во мускулите;
  • замор;
  • гадење;
  • повраќање;
  • дијареа;
  • анемија;
  • жолтица (пожолтување на кожата и белките на очите).

Најтешкиот облик на маларија е предизвикан од паразитот Plasmodium falciparum кој, доколку не се лекува навреме, може да предизвика откажување на бубрезите, епилептични напади, губење на свеста и смрт. 

Маларијата може да се излечи, а видот на терапијата и времетраењето на третманот зависат од формата и тежината на болеста и возраста на пациентот. 

Истата може да се спречи со земање антималарични лекови пред да патувате во области каде што е присутна болеста. 

bolesti-koi-gi-prenesuvaat-komarcite-kolku-se-opasni-i-koi-simptomi-ne-treba-da-gi-ignorirate-06.jpg

Денга треска

Денга треската главно се пренесува преку комарци од родот Aedes aegypti и Aedes albopictus (тигрест комарец). Годишно од 100 до 400 милиони луѓе се заразуваат, според експертите на СЗО. 

Симптомите на денга треската обично започнуваат 4 до 10 дена по инфекцијата и траат 2 до 7 дена.

Симптоми на денга треска се:

  • висока температура која достигнува до 40°C;
  • главоболка;
  • болки во мускулите и зглобовите;
  • гадење;
  • повраќање;
  • отекување на лимфните жлезди;
  • осип сличен на сипаници.

Луѓето кои се инфицираат по вторпат се изложени на поголем ризик од тешка денга треска, а на заразените им е потребна болничка нега. 

Симптомите на тешка денга треска може да вклучуваат:

  • силна абдоминална болка;
  • непрекинато повраќање;
  • брзо дишење;
  • крварење на непцата или носот;
  • замор;
  • немири;
  • крв при повраќање или во столицата;
  • зголемена жед;
  • бледа и ладна кожа;
  • чувство на слабост.

bolesti-koi-gi-prenesuvaat-komarcite-kolku-se-opasni-i-koi-simptomi-ne-treba-da-gi-ignorirate-07.jpg

Западнонилска треска

Западнонилската треска е болест која се шири од животните на луѓето, а комарците се тие што го пренесуваат вирусот од животните на луѓето.  

Западнонилската треска првпат е регистрирана во 1937 година во областа на Уганда на западниот брег на реката Нил, а оттогаш се има појавено во многу земји во: Африка, Европа, Азија и Америка. 

70 до 80 проценти од случаите се асимптоматски, но ако се појават симптоми, тие личат на грип.

Симптомите на западнонилската треска вклучуваат:

  • покачена температура;
  • главоболка;
  • малаксаност;
  • болки во мускулите и зглобовите.

Западнонилската треска се третира симптоматски и повеќето луѓе закрепнуваат без трајни ефекти.

bolesti-koi-gi-prenesuvaat-komarcite-kolku-se-opasni-i-koi-simptomi-ne-treba-da-gi-ignorirate-08.jpg

Уште 3 на следната страница



Би можело да ве интересира:

Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg