Како да препознаете пајак „црна вдовица“ и кои се првите симптоми откако ќе ве касне?
Колку е опасно каснувањето од црна вдовица?
Иако ретко угризувањето од пајакот е со фатални последици, сепак треба да се запомни дека тие имаат мошне силен отров кој може да предизвика сериозни проблеми со здравјето.
Најчесто каснувањето е безболно, а првите симптоми се чувствуваат еден час подоцна.
Прво може да се појави благо црвенило и отекување на кожата, а потоа следува грчење на мускулите, прво околу местото на каснување, а потоа се шири низ целото тело.
Меѓу другите симптоми што може да се почувствуваат се и: гадење или потреба за повраќање, отежнато дишење болка во стомакот или грчеви, засилено потење, исфрлање и чешање, отечени очни капаци и општа малаксаност…
Каснувањето од црна вдовица може да биде особено опасно за децата, повозрасните или лицата со слабо срце.
Како да се заштитите?
Овие пајаци најчесто живеат надвор, на отворен простор, каде што има високи треви, а климата е сува и топла.
Нивната пајажина најчесто е со неправилна форма и се наоѓа блиску до земјата, во житата или во тревите, под или покрај големите камења, во шупливите дрвја или во шуплините на куќите и градбите.
Исто така понекогаш може да живее и во лисјата на дрвјата, во грмушките, но и да се насели во стари и напуштени градежни машини, автомобили, гаражи, и други надворешни простории.
Неопходно е редовно да се проверуваат и да се чистат сите темни и мирни места, каде што овие пајаци би можеле да се населат (шупите, полските тоалети, гаражите и подрумите или другите надворешни простории)…
При извршување на градинарски работи, најдобро е секогаш да се носат заштитни ракавици.
При облекување чевли кои подолго време не сте ги носеле, задолжително проверете дали има пајаци внатре.
Кога да побарате помош?
Ако забележите дека сте биле каснати од ваков пајак, најдобро е веднаш да се испере раната со сапун и вода;
Потоа се става ладна облога на каснатото место за да се намали отокот и болката;
Без одложување и чекање веднаш треба да се упатите во најблиската болница и да побарате медицинска помош.
Б. С. Б. | Црнобело