10 рани, предупредувачки знаци за мултипла склероза кои е добро да ги знаете
Замор
Како што веќе спомнавме, заморот е доста чест симптом кај лицата со мултипла склероза.
Заморот обично се јавува бидејќи поради болеста, се намалува квалитетот на сонот.
Проблеми со одење во тоалет
Можно е да се јави зачестена потреба за одење во тоалет, но и неможност да се контролира мочниот меур.
Грчеви во мускулите
Покрај трнењето, може да се појават и грчеви во мускулите.
А, обично овие грчеви, кои се и болни, го нарушуваат сонот.
Чешање
Станува збор за чешање без навидум никаква причина кое може да се јавува периодично.
Вртоглавица
Вртоглавицата е чест симптом на мултипла склероза и, во зависност од личноста, може да се јавува многу често, но и многу ретко.
Обично со текот на времето овој симптом се намалува, но постојат и соодветни третмани.
Намалени когнитивни способности
Проблемите со сеќавањето и тешкотиите при учење нешто ново се исто така симптоми на мултипла склероза.
Може да се јави и отежнат говор, односно на пациентот да му биде тешко да се сети на некој збор.
Напомена: Важно е да знаете дека овие симптоми не мора да значат дека сигурно имате мултипла склероза. Но, доколку ги забележите, секогаш е добро да се консултирате со лекар.
Како што спомнавме, иако не постои лек за болеста, може да се ублажат симптомите со соодветна терапија.
Спирова С. | Црнобело