Насмејте се!
“Смеењето е најдобар лек“ не претставува само фраза. Физичките и емоционалните придобивки се далеку поголеми отколку што и самите научници би...
...можеле да замислат.
Смеењето ја подобрува циркулацијата за 20%, додека стресот може да го намали до 35%. Ви го враќа расположението и ви помага да се ослободите од ситуацијата која ве довела во стресна состојба.
Постои пример кај дијабетичарите, едно истражување покажало дека доколку за време на вечерата им се овозможи да гледаат смешни видеа, нивото на шеќер е во границите на дозволеното.
Оние кои гледале смешни видеа имале пониско ниво на шеќер во крвта од оние кои гледале вести.
Смеењето ги намалува и алергиските реакции. Ги намалува болките кај пациентите кои ги очекува некоја операција а помага и кај докторите.
И самите сте забележале колку пати една насмевка може да ви го разубави денот. Затоа, секогаш кога можете - насмејте се!